Ракометниот клуб Охрид започна со формирање на екипа за следната сезона во Супер лигата, откако нови договори потпиша капитенот Крсте Андоновски и пивотменот Иван Тасески.

Токму, охридскиот двоец и ракометари исклучиво од домашната ракометна сцена кои ќе бидат ангажирани ќе бидат темел на новиот проект кој клубот го започнува оваа сезона.

  • Ќе се потрудиме да направиме респектабилен тим со домашни играчи кој ќе брка пласман во плејофот. Конкуренцијата за четирите места следната сезона ќе биде голема и сигурно ќе се води жестока битка за секој бод ширум терените во Македонија – изјавија од клубот за Ohrid News.

Клубот официјално го напуштија Јовица Младеновски и Бојан Спасовски кои заминаа во Бутел, Благојче Трајкоски кој премина во Еурофарм Работник и Марко Кобетиќ кој се пресели во Пелистер.

OhridNews