Охридските ракометари, со 12 победи во исто толку одиграни натпревари, финишираа на првата позиција на табелата во А групата. „Гладијаторите“, зад себе имаат успешна и историска полусезона, но и голема задача во мечевите од плејофот на пролет.

Првата полусезона и покрај ситуацијата со вирусот ковид -19 ја одработивме професионално и го направивме најголемиот успех во Супер лигата, победувајќи на сите 12 натпревари. Да се стигне до максимален ефект не беше воопшто лесно, затоа што се играше без публика, а, ние го немавме ветарот во грб од „Рибарите“ и охриѓаните. Немаме намера да се задоволиме со успехот во Супер лигата, туку на пролет во мечевите од плејофот да се покажеме во добро светло и да обезбедиме една од позициите на табелата, кои водат во европските купови. – изјави капитенот на Охрид, Крсте Андоновски.

Покрај Охрид во плејофот од А групата ќе учествуваат Пролет и Струга. Во групата Б полека се одмотува клопчето за третиот билет. Две места се резервирани за Металург и Бутел. Во плејофот ќе се приклучат Вардар и Еурофарм Пелистер и натпреварите ќе бидат ракометен празник во Македонија.

OhridNews