На изборното собрание на републичката Занаетчиска комора кое се одржа во Куманово за претседател на Собрание беше избран Александар Крстев, потпретседател на РЗК Охрид, а претседателот на РЗК Охрид Сашо Богојески, беше избран за потпретседател на Управниот одбор на ЗКРМ.
За нов претседател на Комората беше избран Агрон Фазлији. Ова за Фазлији е втор мандат, односно уште нови четри години борба за добробит на занаетчиите.
Претседателот Фазлији во своето обраќање кон членовите и претставниците на другите органи на комората, изјави дека своето раководство ќе го темели на принципите и вредности на ЗКРСМ, и во согласност со мисијата и визијата на комората за заштита и унапредување на нејзините членки и на занаетчиските вредности.
Време е микро малите занаетчиски дејности да го завземат своето место во создавање и креирање на нови економски политики. Воедно истакна дека Владата треба да обврне посебно внимание на овие дејности.
Занаетчиска Комора на Република Северна Македонија продолжува и понатаму, нема да застане тука, ќе бидеме проактивни и ќе ги продолжиме активностите за справување со предизвиците бидејќи не е прв пат занаетчиството да биде ставено на многу искушенија, но сепак успеало да опстане, а ние заедно ќе направиме се за да опстојува и во иднина, истакна Фазлији.
OhridNews