Пуштањето во употреба на спортската сала во Пештани, Сојузот на училиштен спорт го искористи за крунисување на најдобрите во спортските натпреварувања. Дечињата се натпреваруваа во пет спортски дисциплини Фудбал, Пинг Понг, Одбојка, Шах и Атлетика. Од наредната година професорите ќе додадат уште неколку спортски дисциплини за да се збогатат натпреварите. 

Со доделувањето на наградите го заокруживме проектот училишен спорт. Заедно ние професорите и Локалната самоуправа, и јас како координатор сме задоволни на одзвиот и дадениот труд на дечињата. На програмата имавме пет спортови, а се надевам дека од година во година ќе се зголемуваат дисциплините. Соработката како професори и клубовите беше а завидно ниво, веќе голем број од дечињата се натпреваруваат во охридските клубови. Наредната година е изборна, но и покрај тоа очекувам овој проект да продолжи, и нема да застане тука – истакна советникот во Општина Охрид, Јоне Станкоски.

“Фото Рекс“
Мх.П.