Се поголем број охриѓани, но и гости го обиколуваат Охридското Езеро со велосипед. Последни на ваква авантура беа тројца пријатели од Пештани. Тие преку преминот Тушемиште со велосипеди го минаа албанскиот дел од езерото. Минаа низ Поградец и Лин, па од другата страна се вратија на македонска територија, од каде преку Калишта и Струга завршија каде што почнаа, во Пештани, поминувајќи на велосипед деведесетина километри.


Кружната тура со велосипед околу езерото се поатрактивна

OhridNews