Како што веќе беше најавено, скоро над сите континенти, вчера, беше видлив феноменот на “Крвава месечина“.
Во Охрид оваа појава беше највпечатлива околу 20,30 часот, а истата ќе може да се види и вечерва.
“Крвава месечина” е феномен кога Земјата ќе се најде помеѓу Сонцето и Месечината. Притоа низ атмосферата на Земјата се пропушта само светлина со подолги бранови должини, односно црвениот спектар што го предизвикува овој феномен.
Фото: Стојан Савески