Навивачите на Тотенхем и Арсенал со меѓусебна крвава физичка пресметка го најавија големото лондонско дерби кое се игра во рамките од 29-та рунда од Премиер лигата.


Во навивачката пресметка има неколку повредени кои се згрижени во лондонските болници, а полицијата после големи борби успеа да воведе мир низ улиците.


Дербито на „Вајт Харт Лејн“ е со најголемо значење во историјата бидејќи кој ќе изгуби драстично ќе си ги намали шансите за титулата во Премиер лигата.

OhridNews