Во расправија помеѓу роднини што се случила попладнево во населбата Карабегомаала во Охрид, неофицијално, едно лице е повредено со остар предмет, најверојатно нож. Повредениот бил пренесен во охридската болница, а полицијата привела едно лице поврзано со инцидентот.

На местото на настанот во тек е увид.

Се очекува полицијата да соопшти повеќе детали за немилиот настан.

OhridNews