Синоќа околу 22 часот, на свадбена свеченост организирана во двор од куќа во тетовска Мала Речица, од испукани куршуми од огнено оружје повреди здобиле две лица на возраст од 26 и 27 години Двајцата се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош.
Како што пренесуваат медиумите од Тетово, еден од повредените е синот на пратеникот од ДУИ Џевад Адеми.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
OhridNews