Без победник (1-1) заврши 156-то „вечно“ дерби помеѓу Партизан и Црвена Ѕвезда одиграно вечерва во 22-та рунда од првенство во Србија.
Дуелот не понуди кој знае како фудбал, но затоа на трибините имаше крвави сцени кои веќе се симбол за градското дерби во Белград.
Возбудувањата и најинтересните моменти на теренот се случија во второто полувреме, откако првото заврши 0-0. Партизан поведе со голот на Сејдуба од пенал во 61-та минута, а изедначи Боакие седум минути пред крајот на мечот.
Најголемо внимание на дербито привлече инцидентот на средината од првото полувреме кога се уште неидентификувани навивачи голи со придружба на полицијата го напуштија стадионот.
После дербито разликата помеѓу лидерот Црвена Ѕвезда и второпласираниот Партизан остана девет бодови.
OhridNews