Во текот на 2010 и 2011 година, пријавениот без да спроведе постапка согласно Законот за јавни набавки, склучил договор со Агенцијата за обезбедување на имот и лица од Охрид, за обезбедување на две станбени згради. Договорот бил склучен за период од две години, а зградите биле изградени од страна на Акционерското друштво, од кои едната била наменета за вдомување на ранливи категории на граѓани.
По истекот на договорот, пријавениот самоиницијативно ги продолжил склучените договори за обезбедување без да бидат потпишани анекси на договорите, со што причинил материјална штета на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Подружница Охрид во износ од 144.655 денари.