„Крвничкиот“ старт на Бруно Алвеш над Хари Кејн го одбележа контролниот меч на Вембли меѓу Англија и Португалија кој заврши во корист на домаќините 1-0. Дефанзивецот остро и непромислено стартуваше над Кејн во 35-та минута кој за среќа не заработи потешка повреда на главата. Алвеш санкциониран беше со црвен картон, а англичаните бројчаната предност ја искористија дури во финишот со голот на Крис Смолинг.

OhridNews