Крводарителска акција денес од 10-14 ч. ќе се одржи на Факултетот за туризам и угостителство.
На оваа крводарителска акција својата хуманост дарувајќи крв можат да ја искажат студентите, наставниот кадар и вработените на факултетите во Охрид, но и секој заинтересиран наш сограѓанин, информираат од Црвен крст Охрид.
Акцијата е во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст, а ја организира Црвен крст Охрид во соработка со Службата за трансфузиона медицина-Охрид.
OhridNews












