Крводарителска акција денес ќе се одржи во просториите на СВР Охрид во организација на Црвен крст Охрид.

Хуманата мисија продолжува. Ги покануваме сите хумани граѓани да донираат крв за оние на кои тоа им е најпотребно на крводарителска акција. Со овој гест на хуманост, Вие станувате надежта во очите на оние кои трагаат по неа, велат од Црвен крст Охрид.

Крводарителската акција ќе започне во 10:00 часот.

OhridNews