Крводарителска акција ќе се одржи на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во соработка со Црвен крст – Охрид во среда, 2 декември.
Дали знаете дека самото дарување крв трае само десетина минути, а со една единица крв може да спасите до три човечки животи? Потребни се само малку време, добра волја и желба да помогнете некому. Дојдете, повикајте ги вашите колеги и пријатели и бидете дел од оваа хумана акција! Заедно да покажеме дека малите дела можат да направат голема разлика!, порачуваат организаторите.
Акцијата ќе се одвива во период од 10:00 до 13:00 часот.
OhridNews












