Облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните делови (над 30 l/m²). Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Охрид времето денес облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на циклонска акивност, денес од вечерните часови, до недела времето ќе биде претежно облачно со врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а во текот на целиот период и над 80 l/m². Поради спуштање на ладна воздушна маса од север, за време на викендот врнежите ќе бидат од дожд и снег на некои од повисоките места, а на планините само од снег каде ќе се формира нова снежна покривка. Од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

OhridNews