Под мотото „Дарувај крв, спаси живот“ утре ќе се одржи крводарителска акција во која ќе учествуваат учениците и вработените во СОСУ „Св. Кирил и Методиј” – Охрид во организација на Црвен крст Охрид.
Ве покануваме на крводарителска акција во просториите на Служба за трансфузиологија Охрид каде ќе можете да ја дарувате својата скапоцена течност и да станете нечиј херој, велат од Црвен крст Охрид.
Крводарителската акција ќе се одржи во периодот од 8 до 11 часот во Службата за трансфузиологија Охрид.
Да бидеме хумани за оние на кои им е најпотребно!- порачуваат од Цrвен крст Охрид.

OhridNews












