Традиционалната крводарителска акција „Водици 2026“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2026 (понеделник) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци, велат од Црвен крст Охрид.

OhridNews