Водени од желбата за унапредување и промоција на хуманите вредноти ЛК Охрид новата 2016 година ја започна со крводарителска акција под мотото „Биди лав,подари живот“, во која зедоа учевство членови на клубот, нивните фамилии и пријатели.

Акцијата годинава се организира за прв пат, ќе трае до 14.06.2016 година кога се одбележува Светскиот ден на крводарителството и се повикуваат и останатите Лајнс клубови од Охрид и заинтересираните граѓани кои кои сакаат да земат активно учество, да се обратат во Заводот за трансфузиологија во Охрид со цел да дадат поголем придонес во масовноста и актуелноста на настанот,велат од ЛК Охрид.

Оттаму потенцираат дека намерата е акцијата „Биди лав,подари живот“ да стане една убава традиција која ќе помогне да бидат спасени уште многу животи и која од година во година уште повеќе ќе ја зголемува свеста кај граѓаните на Охрид за потребата од редовно донирање на крв.

OhridNews