Во струшката општа болница денеска ќе се одржи крводарителска акција, организирана од страна на Агенцијата за млади и спорт и Општинската организација на Црвен крст во Струга,  јавува „Миа“.

На акцијата ќе присуствуваат директорот на Агенцијата за млади и спорт Александар Пујовски, градоначалникот на општина Струга Зијадин Села и познати спортисти од Струга и околината.

Целта на крводарителската акција не е само собирање крв за оние на кои им е неопходна, туку и мотивирање на граѓаните континуирано да бидат посветени на дарување крв за спасување на човечки животи

OhridNews