Како што информираат од Црвениот крст интересот на граѓаните е голем и се очекува годинава да се надмине минатогодишната бројка од 150 собрани единици крв.
Акцијата која започна вчера во 17 часот на платото пред црквата Свети Климент на Плаошник продолжува и денес до 14 часот.
На сите оние кои ќе дарувааат крв, организаторот на акцијата им возвраќа со должно внимание, благодарност и скромен подарок за сеќавање на хуманиот гест.