Малку подзаборавениот полски возач повторно влезе во болид и тестираше во F1 во Валенсија.
После страотната несреќа во Рели шампионатот во Андора 2011 година и неизвесноста околу неговото преживување, овoј некогаш F1 возач повторно влезе во болид за приватно тестирање.
Победникот на ГН Канада од 2008 година ( каде исто имаше една од најстраотните несреќи во F1) вчера на патеката Рикардо Томо тестираше со болидот на Лотус од 2012 година обоен во боите на Рено. Во оваа прилика Роберт Кубица возеше 115 кругови.
“Сакам на сите да им се заблагодарам кои ми овозможија оваа работа да се случи. Се надевам дека ова беше корисно за сите нас и мислам дека сите го видоа моето ново лице во споредба со она што го прикажував во 2010 година. За мене овoј ден беше доста емотивен. Поминав низ многу тежок период во кој премногу се борев и за мојот живот но и за ова да го доживеам што денеска го доживеав. Чувствата ми се помешани. Незнам што ќе биде во иднина, ама знам дека на ова мое враќање работев повеќе од една година. Рено ми дозволи 2005 година прв пат да тестирам болид и истото се случи и сега“. – изјави Роберт Кубица.
OhridNews