Од МВР информираат дека вчера, во СВР Охрид, 25-годишна жена од село Косел, пријавила дека истиот ден околу 06.45 часот, додека се движела по улицата „Димитар Влахов“ во Охрид и се доближило црно куче и ја каснало во задниот дел од десната нога. Жената успеала да избега и веднаш побарала медицинска помош во Општа болница.

Истовремено, во текот на вчерашниот ден, во СВР Охрид било пријавено труење на кучка со четири мали кучиња, во двор на улицата „Цар Самоил“. Уште еден случај на труење на куче бил забележан на улицата „Даме Груев“.

Екипи од СВР Охрид, по овластување на Јавен обвинител, извршиле увид на двете локации во присуство на службени лица од Агенција за храна и ветеринарство.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.

OhridNews