Кучето Чејсер разбира повеќе од 1000 зборови кои ги учело три години. Професорката Алисон Реид и психологот Џон Пили, кој е и споственик на кучето, долго време работеле интензивно со кучето за да утврдат колкав вокабулар може да запомни. Измислиле имиња за 1022 играчки, топки, плишани животни и слично, и откриле вчудоневидувачки податок. Кучето ги запомнило сите. Дури и научило да ги сортира предметите според функцијата и обликот, што децата го учат во третата година од животот.
Во тестирањето помогнале и истражвачи од универзитетот Вофорд во Јужна Каролина. Избирале група од 20 играчки кои Чејсер требало да ги препознае според имињата. Кучето успешно решило 838 тестови за време од три години. Секогаш препознавало најмалку 18 од 20 предмети. Експерите велат дека сопствениците на кучињата кои разговараат со нив можеби не зборуваат напразно, и дека постои голема веројатност кучињата да ги разбираат.