Кучето Мини кое околу 2 години беше згрижено од страна на Здужението за заштита на животни „Анималиа“ од Охрид, го најде својот дом во Холандија. Тоа било вдомено од холандски љубители на животни што веќе се грижат за неколку други кучиња.
-Мини веќе стигна во новиот дом, ја направивме холанѓанка. Ова е едно од првите кученца кое го згриживме како здружение. Ја најдовме пред околу две години кај Мини Маркет, беше повредена од автомобил и се бореше за живот. И беа констатирани неколку скршеници. Успеавме да ја социјализираме и дававме терапија и неколку пати беше подложена на оперативни зафати во Скопје. Успеавме да ја вратиме во нормален живот и сега си најде дом, раскажуваат од „Анималиа“.
Како холанѓаните ја прифатиле Мини може да се види од приложеното видео. (Мини е кучето кое лежи на креветот)
Активистите од „Анималиа“ се надеваат дека слично како и во странските земји и кај нас ќе проработи свеста за згрижување на бездомни животни.
OhridNews