Кучиња скитници слободно се шетаат во центарот на Охрид и ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Водени од природниот нагон овој период тие се посебно агресивни, поради што луѓето треба да се особено внимателни.
И покрај потребата во Охрид, за жал, сеуште нема шинтерска служба ниту соодветен простор за згрижување на кучињата скитници.