Неколку стотини селани нагрнале во едно индиско село за да го видат девојчето кое го спасиле кучиња скитници, кое во кал го оставила неговата мајка.

Селаните од источната индиска држава Бихар претходниот викенд спасиле едно новороденче кога виделе три кучиња скитници како упорно лаат во близина на малечко дете прекриено со кал.


„Кучињата ја отстранија калта околу бебето и почнаа силно да лаат, по што новороденчето започна силно да плаче, а тоа го привлче вниманието на локалното население“, раскажал одговорниот во округот Самастипур.
„Девојчето постојано плаче, но сега е во сигурни раце на еден пар кој нема деца и сака да ја посвои“, изјавил.

Полицијата известила дека трага по мајката на девојчето. Напуштање и убиство на женски новороденчиња во Индија е многу распространето со оглед на тоа дека во семејствата традиционално се преферираат машки наследници, а семејствата кои имаат ќерки за нивната мажачка мора да дадат големи суми на пари.

Спрема податоците во Обединетите Нации во индија секојдневно се извршуваат околу 2000 илегални абортуси, кога се знае дека мајката носи женско дете.