Играорците на Културно уметничкото друштво Гердан од Охрид попладнево заминуваат за Турција, каде ќе учествуваат на Меѓународниот фолкорен фестивал што до 1 јули се одржува во Истанбул.

Уметничкиот директор на „Гердан“ Александар Петроски очекува дека на фестивалот што е со натпреварувачки карактер ќе успеат да освојат некоја од наградите, независно силната конкуренција од повеќе од 15 културно-уметнички друштва од Турција, Грузија, Египет, Србија, Бугарија, Романија…

Поради атрактивноста на игрите, сложеноста на ритмовите, како и богатиот колорит на носиите што го прават македонскиот фолкор особено интересен за публиката, настапите на КУД „Ѓердан“ оставаат силен впечаток, за што редовно добиваат особено внимание кај организаторите на фестивалите.

КУД „Гердан“ неодамна ја прослави 45-годишнината од формирањето, како најстаро културно-уметничко друштво во Охрид. Во своето повеќедецениско опстојување ансамблот има настапувано на повеќе од 80 Интернационални фолклорни фестивали и смотри ширум Европа, успешно презентирајќи ја македонската песна и игра.

OhridNews