На фестивалот на кој ќе учествуваат 20 ансамбли од целиот свет, охридските играорци ќе имаат повеќе настапи, што според раководителот Методија Баракоски се должи на тоа што македонскиот фолклор е атрактивен со колоритот и игрите и му се дава поголемо значење. Сепак, тој нагласи дека аматеризмот барем во фолклорната бранша кај нас е во опаѓање и потребно е да се преземат одредени мерки да се подигне квалитетот на друштвата.
-Во Охрид постојат повеќе фолклорни ансамбли. Желба ми е да се направи едно квалитетно друштво по примерот на „Линџо“ од Дубровник, кое има 600 членови, истакна Баракоски.
Најстарото културно уметничко друштво во Охрид, „Гердан“, постои од 1968 година и до сега има учествувано на 66 меѓународни фестивали ширум Европа.