На фестивалот на кој ќе учествуваат 20 ансамбли од целиот свет, охридските играорци ќе имаат повеќе настапи. Учеството на КУД „Гердан“ на фестивалот во Полска, финансиски го поддржа локалната самоуправа.
Најстарото културно уметничко друштво во Охрид, „Гердан“, постои од 1968 година и до сега има учествувано на 66 меѓународни фестивали ширум Европа.