КУД Охриѓанка од Охрид, после освоеното прво место на регионалните фолклорни смотри со учесници од југозападниот дел на Македонија ќе се натпреварува и на ниво на Македонија.
СОФАМ – Сојузот на Фолклорни Ансамбли на Македонија ја организира завршната фолклорна смотра во Скопје на 17.12.2012 година.
Како добитник на првото место на регионалните фолклорни смотри во Охрид, КУД Охриѓанка доби покана за учество на републичките смотри во Скопје.
-Како единствено културно уметничко друштво од Охрид кое учествува на смотрите на ниво на Македонија, ќе ни претставува голема чест и задоволство да се покажеме во најдобро светло пред учесниците од другите градови и поканетите гости од министерство за култура, и да се вратиме како победници во Охрид.-велат од КУД Охриѓанка.