Со голем концерт Културно уметничкото друштво „Отекс“ од Охрид, синоќа во Центарот за култура, ја одбележа 30-годишнината од постоењето. На концертот настапија играорци од четири генерации на КУД „Отекс“, како и гости од Бугарија и Србија.

Директорот на КУД „Отекс“, Димче Трајчески, истакна дека 30-годишното постоење претставува едно патување низ времето кое што е исполнето со незаборавни дружења, моменти и успеси на меѓународната и домашната сцена.

Низ песна и игра ги имаме поминато сите балкански земји, а тука се и европските како Франција, Белгија, Холандија, Португалија, Шпанија, Италија, Германија, Австрија, Романија, Унгарија, Полска, Белорусија, Турција, Соединетите Американски Држави и други.“ – истакна Трајчески.

Тој додаде дека  КУД „Отекс“ и во иднина ќе продолжи да ги негува македонската традиција и фолклор.

Со господ напред планираме да одбележиме и 50 и100 години  од нашето културно друштво. Секако ќе продолжиме да се дружиме и ќе дадемем се од себе Македонија да ја претставува во најдобро светло преку фолклорот и нардоните песни и игри.“ – истакна Трајчески.

Инаку, ова познато културно уметничко друштво сега го носи името „Отекс фолк“.

O.T.