Верувам дека ќе ми ја дадете добербата на овие локални избори, затоа што сметам дека независната советничка листа со мене на чело заслужува да добие мандат да одлучува за градските проблеми во наредните 4 години. Тоа го докажав со сработеното во изминатиот мандат. Ова меѓу другото го изјави носителот на независната листа на советници Кујтим Усеини на граѓанскиот собир што вечерва се одржа во преполната сала на хотелот „Мизо“ во населбата Воска.

-Сум сработил и оставил белег и за идните генерации во секој дел на градот, посебно во делот од пазарот па до излезот на Охрид. Очекувам широка поддршка без разлика на националност.-изјави Усеини.

На собирот беа претставени кандидатитѕе за советници на независната листа чиј носител е Кујтим Усеини, како и приоритетите за кои тие ќе се залагаат доколку ја добијат довербата од охриѓани.

OhridNews