Семејството Манинг од Ковентри, Велика Британија, веќе неколку месеци живее во страв бидејќи во куќата сами им се движат предметите, им се заклучуваат вратите, а неодамна снимиле и стол како сам се поместува. Во куќата живее Лиса Манинг заедно со партнерот Ентони, синот Џејдон и ќерката Ели. Велат дека неколку пати излегле од куќата поради “дивеење“ на предметите.
Наводно во кујната летале лонци и тави, а ролетните на прозорците неконтролирано се подигнувале и се спуштале. Минатата седмица морале да се качуваат низ прозорецот, бидејќи им се заклучила вратата од собата на катот. Лиса во собата на Ели поставила скриена камера и снимила како се отвораат вратите на ормарот и се движи столицата. Таа изјавила дека некој дух кој ги посетил им рекол дека нивната куќа е еден вид премин кој духовите го користат како би дошле во нашиот свет.