Споменикот на Тодор Александров
во скопската населба Кисела Вода ноќеска е
ишаран со кукаст крст, симбол на фашистичката идеологија, јавува агенцијата “Макфакс“.

Сквернавењето следува откако во четвртокот на споменикот првично наречен
Македонски војвода на коњ беше поставена табла со името на Тодор
Александров, некогашен водач на ВМРО.

Ова не е прво сквернавење на споменикот. Тој беше попрскан со бела боја кратко по неговото поставување во јуни годинава.

Во меѓувреме, сè уште се работи на уредувањето на просторот околу споменикот.

Поставувањето на споменикот на контроверзниот Александров на
крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски” (поранешна Првомајска) и
улицата „Иван Козаров” предизвика полемика во јавноста.

Опозицијата критикуваше дека се величат контроверзни личности од
македонската историја, додека градоначалникот на Општина Кисела Вода,
Марјан Ѓорчев се изјасни како личен почитувач на ликот и делото на
Александров, а премиерот Никола Груевски повика да се прекине со
стереотипизацијата на некои личности од македонската историја.

OhridNews
извор“Макфакс“