Откако во продажба се појавиле садови за исхрана, поштенски марки и монети, во чест на венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во продажба  се појавила и кукла со ликот на идната принцеза. Куклата има сличности со популарнаите кукли „Барби“, а ќе биде многу добра копија на вереницата на принцот.


Таа ќе биде облечена во прочуениот син фустан, кој Кејт го носела на објавувањето на веридбата, а ќе го носи накитот кој таа ќе го носи по венчавката. Креатор на симпатичната кукла е американската компанија “Frenklin Mint”, а куклата ќе се произведе во ограничена серија од 5 илјади примероци и ќе чини 195 долари.