Вчеравечер, култниот и единствен клуб кој промовира џез култура во регионални рамки повеќе од три децении, го прослави 33-от роденден.

“Џез Ин” беше претесен да ги собере сите љубители на џез и блуз музиката, кои уживаа во забавата која ја приреди клубот заедно со бендот “In the mood”.

Џез Ин е оформен во 1989-та година и непрекинато ја промовира џез културата.

Низ изминатите години, клубот ги удостои светските признаени македонски и европски музичари како Тони Китановски, Васил Хаџиманов, Фолтин, Кабадајас, Next To Silence, Сашо Попоски Трио, а претставува и домашен терен на популарните стендап комичари предводени од Никола Тодороски, кои заедно ја промовираат стендап комеди културата повеќе од шест години.

Ф.А.Ж.