Во рамки денешниот културен настан предвидена е изложба со дел од фотографиите кои учествуваа на конкурсот на тема „Единство во различноста“. Воедно, ќе бидат доделени наградите на авторите на наградените фотографии: Славица Панова, Кристина Мукоска Затуровска и Коста Хиохи.
Покрај изложбата, во живо ќе настапат две музички групи, а во текот на следните месеци, истата ќе се организира и во други градови низ Македонија.
Проектот „Единство во Различноста“ е имплементиран од страна на Локалната Агенција за Развој во општина Струга и финансиски е поддржан од програмата на Обединетите Нации „Зајакнување на дијалогот и соработката меѓу етничките заедници“. Главна цел на проектот е да и’ помогне на заедницата да ги надмине предрасудите базирани на етничката припадност и религијата. Целни групи се: Комисијата за односи меѓу заедниците, бизнис секторот, студентите, локалните медиуми и граѓаните.