Имајќи ги во предвид неправдите и негирањата кон нас Македонците што се изведува во согласност со домашни и странски политички елити, ја изразуваме својата граѓанска побуна и решителност за одбрана од тие бесправни посегнувања по македонските суверени права со одлука изразена во соопштението подолу, кое убедени сме внатрешно го одразува ставот на скоро сите Македонци:

ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ 2009

Почитувани сестри и браќа,

Донесена е одлука на Илинден 2 Август 2009 година да биде подигнато културно-граѓанско ВОСТАНИЕ за зачувување на македонското име и  идентитет. Востанието ќе трае се до постигнување на победа во одбраната на името Македонија и суверенитетот на македонскиот народ над Македонија, а ќе се води со сите легитимни средства кои ни стојат на располагање.

Браќа Македонци и пријатели на Македонија дојде денот кога треба да се отфрлат сите притисоци и лаги врз нас, за нас Македонците. До каде не доведоа предавниците, до каде се нема да посегнат непријателите. Да ни биде одземено она кое е исклучиво наше човеково право, нашиот идентитет кој е неотуѓиво право на секој човек. Секој има право да оспорува што сака, но никој нема право поради своите мислења да посегнува да ускрати нечие право на сопствена слободна определба. Ги повикуваме македонските организации, македонските граѓани и сите пријатели на Македонија да земат учество во востанието. Колку повеќе граѓани се приклучат кон востанието толку побрзо победата ќе биде остварена.

Ова е ден на нова битка кај Херонеја и нова победа над крадците на туѓи култури. Ова е ден на новиот Илинден кој ќе трае се до победата, ова е ден на новиот АСНОМ кој ќе означи почеток на нова славна историја на Македонија. Секој оној кој ПРЕГОВАРА за името на Македонија го прогласуваме за ПРЕДАВНИК на македонскиот народ, ПРЕДАВНИК на сопствените прадедовци, ПРЕДАВНИК на крвта на настраданите пролеана како река за самостојна и независна Македонија и ПРЕДАВНИК на Господ Исус Христос кој ни го подарил македонското име, духот македонски и нашата македонска култура. Очекуваме од властите на Македонија да се повлечат од преговорите за името. Во спротивно кон нив, како и кон секој кој не само што се согласува за било каква измена на името, туку што се согласува на било какви преговори ќе се однесуваме како кон предавници и ќе ги повикаме на одговорност и на суд пред македонскиот народ. Во името на единството, се она претходно сторено против македонските интереси го оставаме зад нас, но затоа секоја идна постапка со која ќе се нападнат или оспорат правата на македонскиот народ ќе биде соодветно разобличувана и јавно осудувана и посрамувана. Премногу долго дозволивме да си поигруваат и тргуваат со нашата чест и достоинство. За се она кое ќе се превземе од 2 Август и деновите натаму ќе одредиме заедно зависно од бројот и силата на востаниците. Но независно од силата и искушенијата, востанието ќе се води се до конечното целосно остварувањето на желбата на македонскиот народ за Македонија на Македонците. Очекуваме секој свесен граѓанин на Македонија, Македонец и пријател на Македонија според можностите да даде придонес за успехот на културно-граѓанското востание Илинден 2009. Секој кој не го сфаќа ова за неопходно тој е несериозен човек кој не сфаќа дека од нашето однесување СЕГА се одлучува и минатото и иднината на нашиот народ и секој поединец во него

Со Верба во Бог за МАКЕДОНИЈА НА МАКЕДОНЦИТЕ!

Македонско Братство

Ставовите
изнесени во рубриката Ваши ПИСМА, се ставови на читателите и
редакцијата на „Ohridnews“  не сноси одговорност за изнесеното во
текстовите.

Од редакцијата