Екипата на Саутемптон пред своите гледачи во неизвесен натпревар претрпе пораз 3-2 од Манчестер Јунајтед во шестата рунда од Премиер лигата.


„Светците“ имаа водство 1-0 и уште неколку шанси за втор погодок, но „ѓаволите“ со три погодоци успеаја да го свртата резултатот во своја полза.

– Имавме игра и пред се добра организација пред нашиот гол. Тие мака мачеа да не пробијат што нас ни овозможуваше простор за контра напади. Се тоа падна во вода по 40 минути кога им допуштивме се на гостите. Во второто полувреме тие презедоа се, а нашите грешки ги казнуваа со погодок. Заклучок од мечот можеме да извадиме дека сами се победивме и дека не изгубивме од Манчестер Јунајтед. – рече тренерот на „светците“ Роналд Куман.

По триумфот на „Сент Мери“, Манчестер Јунајтед се најде на втората позиција на табелата со два бода помалку од лидерот Манчестер Сити додека Саутемптон со една победа во шест мечеви е на ниската 16-та позиција.

Мх.П.