Втората сезона по ред Манчестер Јунајтед е аут од борбата за титулата во англиската Премиер лига. Минатата „ѓаволите“ ги водеше Дејвид Мојс, а оваа палката ја презеде Луис ван Гал, кој речиси има исти учинок како шкотскиот стручњак.


– Кога некој голем клуб го носи Ван Гал за тренер, јасно е дека носи клвалитет. Меѓутоа, заедно со квалитетот пристигнува и личност која е умислена дека знае се. Таквите работи обично знаат да направат поголеми проблеми. Постои огромна разлика помеѓу мене и него како менаџери. – рече Роналд Куман, пренесува „Спортклуб“.

Менаџерот на Саутемптон на почетокот од својата тренерска кариера беше помошник на Ван Гал во Барселона.

– Јас бев негов помошник во Барселона по СП во Франција. Научив многу од него, но начинот на кој што тој се поставува спрема играчите е тотално различен на оној начин на кој што јас работам со моите играчи. Јас не сум човек кој што врши толку голем притисок врз своите играчи како што тој го прави тоа. Но кога го имате Ван Гал на клупа, треба да знаете дека стравот ќе владее во соблекувалната, и играчите се плашат од него. Но тоа секогаш не е добро. – заклучи Ван Гал.

Ohridnews