Менаџерот на англискиот фудбалски премиерлигаш Саутемптон, Роналд Куман ги отфрли шпекулациите дека би можел да ја преземе Барселона доколку Луис Енрике добие отказ.
„Секогаш кога Барселона ќе загуби натпревар се појавуваат разни шпекулации и претпоставки. Среќен сум во Саутемптон и немам намера да го наследам Енрике доколку го сменат“, порача Куман.
Холандскиот стручњак призна дека е врзан за каталонскиот клуб, но додаде дека не е време да се зборува за Барселона од почит кон луѓето во Саутемптон.
Куман за време на фудбалската кариера над 250 пати го носел дресот на Барселона во периодот 1989-1995, а две години му беше асистен на Луис ван Гал во периодот 1998-2000.
Куман минатoто лето го презеде Саутемптон, кој моментно е на четврто место во англиската лига.
„Макфакс“