Шок терапијата со смената на Роналд Куман не вроди со плод во тимот на Евертон. „Карамелите“ претрпеа нов пораз овој пат од Лестер (2-0) во претпоследниот меч од 10-та рунда во Премиер лигата.
„Лисиците“ со триумфот над Евертон му посакаа топло добре дојде на новиот менаџер Клод Пауел, кој палката во екипата ја презеде на средината од оваа недела.
Прашањето околу победникот домашните фудбалери го решија после половина час игра. Во 18-та минута Џејми Варди го отвори резултатот, а победата ја запечати Демарај Греј во 30-та минута.
Со вториот триумф во серија Лестер се искачи на 11-та позиција, додека Евертон останува во зоната за испаѓање. Во првиот меч од неделната програма Брајтон и Саутемптон ги поделија бодовите ремизирајќи 1-1.
OhridNews