По претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин, вечерта на 8- ми декември, на граничниот премин Богородица на влез во Република Македонија извршен е претрес на патници во автобус кој сообраќал на релација Истанбул-Скопје.
Кај еден од патниците, лице од Куманово, во пределот на половината под појасот пронајдени се три полиетиленски пакувања светло сина боја облепени со кафејава селотејп трака.Дрогата е предадена на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР при што е утврдено дека се работи за хероин со висок квалитет кој на нарко пазарот би достигнал цена до 100 илјади евра.
Од спроведената истрага утврдено е дека организатор на транспортот е македонски државјанин од Арачиново, кој исто така е приведен.
Против двете лица е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.