На 20.08.2023 во 13.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Ново село, 41 годишно лице од Куманово, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со германски национални ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
OhridNews











