Жена од Куманово, која била дел од терористичката организација Исламска држава, е убиена во Сирија. Веста била потврдена од блиски членови од семејството. Како што објави порталот „Реалитети“, кумановката заминала за Сирија пред четири години, каде што ѝ се придружила на ИД.

Од летото 2012 година на боиштата во Сирија и Ирак има стотина македонски државјани, од кои досега најмалку 15 загинале.

OhridNews

Макфакс