Во периодот од 10 до 28.07.2011 година лицата: Д.А.(1993), А.А.(1990) и А.А.(1967), сите од с.Горно Коњаре-Куманово, во континуитет преку СМС пораки и во телефонски разговори им се заканувале на М.Џ. и неговата ќерка С.Џ, двајцата од с.Мислодежда-Струга, дека ако не им исплатат 20.000 швајцарски франци, јавно ќе објават фотографии со вулгарна содржина на кој била С.Џ, со што ќе му наштетат на М.Џ. и на неговото семејство.

На 27.07.2011 година во СВР-Охрид, М.Џ. го пријавил случајот, по што од страна на полициски службеници од ПС-Кичево во содејство со колеги од Охрид превземени се соодветни мерки и на 28.07.2011 година во 12.00 часот во Кичево по претходно договорена средба, остварен бил контакт со горенаведените лица и предадени им биле бараните пари кои претходно биле технички обработени. Од страна на полицијата извршен им бил претрес и одземени им се парите,  како и два телефони марка „Нокиа“ и потврда за трансфер на пари од „Вестерн Унион“. Од извршениот претрес во домот на горенаведените лица одземен е еден компјутер и други предмети кои ќе бидат доставени за понатамошна постапка. Од страна на СВР-Куманово поднесена е кривична пријава против тројцата осомничени за сторено КД „Уцена“ и истите се предадени на ОЈО-Куманово за понатамошна постапка.

OhridNews