Компанијата „Kumev brothers production“ која е во сопственост на охриѓаните Никола и Драган Кумеви потпиша договор за соработка со Универзитетот МИТ од Скопје. По потпишување на договорот домашните и странските студенти кои се дел од оваа високобразовна институција имаа можност детално да се запознаат со сертифицираната програма за AUTOCAD, 3DS MAX и MAYA.
-Нашите високо стручни предавачи кои воедно ги имаат положено сите испити во аутодеск и се сертифицирани со титулата професионал детално ги запознаа студентите со основната и напредна програма за соодветните курсеви. Студентите кои покажаа огромен интерес беа запознаени со фактот дека покрај квалитетната програма и стекнување на светски признаени сертификати ќе добијат и попуст во согласност со потпишаниот меморандум за взаемна соработка, велат од компанијата „Kumev brothers production“ која е лиценциран тренинг центар за софтверите на Аутодеск од САД.
Покрај посета на курсот, студентите со помош на предавачите од продукцијата ќе имаат можност да изработат лично одбрани проекти кои ќе им служат како нивно „CV“ кое ќе им помогне во полесно полагање нивните испити.
-Посебен предизвик и поттик за нашите предавачи претставува фактот што тие ќе ја имплементираат целата програма и за странските студенти од Турција. Ние сме сосема сигурни дека квалитетно ќе ја завршиме обуката, бидејќи веќе една година имаме тренинг центри во Белград, Ниш и Приштина, а тоа е доказ дека успешно на повеќе јазици ја имплементираме нашата напредна програма, посочуваат од компанијата.
Оттаму информираат дека покрај соработката со МИТ универзитетот овој месец активно започнале да соработуваат и со Државниот факултет за архитектура во Белград .
OhridNews
Нашата компанија е формирана од страна на компанијата Kumevbrothers production и Autodesk USA со добивање на лиценците за ATC (Ауторизиран тренинг центар за Македонија од страна на Autodesk USA)и ACC Autodesk Certification Center. Целта на овој тренинг институт е да обезбеди високо квалитетен тренинг за софтверите од Autodesk.
Нашата компанија е веќе четврта година е сертифицирана компанија во Македонија од страна на Autodesk.
– See more at: http://www.edukacijaanimacija.com/index.php/2013-09-28-21-55-48#sthash.3qIbep4G.dpufOhridNews