Кумот на Водици 2013, бизнисменот Стојан Ѓорѓоски и Здружението „Богојавление“, денеска ја посетија јавната установа детска градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид, на која и врачија донација во висина од 30.000 денари.

Оваа донација е дел од општествените активности на кумот на Водици, кој претходно донираше средства за помош на семејство чија ќуќа настрада во пожар во стариот дел на градот, и реализираше донации за специјалната болница „Св. Еразмо“ и за Црвениот крст Охрид.

OhridNews