Пред три години беше прекината повеќегодишната традиција на избирање кум за празникот Водици во Охрид, што ја востанови здружението за афирмација на МПЦ „Богојавление“, кое кон крајот на 2015 година се откажа од организација на настанот кој низ годините прерасна во меѓународно позната манифестација и истата ја препушти на локалната самоуправа и Дебарско – кичевската епархија. Последни кумови таа 2015 година беа српската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и неговиот пријател од Македонија Зоран Милески. Тие не го предадоа кумството бидеји таквата традиција беше прекината.
Кумот на Водици во Охрид во 2015 година – Жељко Јоксимовиќ
Иако се смета за традиционален обичај, охриѓани се на мислење дека на празникот Водици не треба да има кум. На тоа укажуваат и резултатите од анкетата што за свои потреби деновиве ја спроведе OhridNews.
И оваа година организацијата на Водици во Охрид ја презеде локалната самоуправа, која најави достоинствено одбележување на празникот согласно верските обичаи. Утрото кога ќе се фрла крстот во осветените езерски води не е предвидена културно – забавна манифестација, но затоа вечерта на Водици на градскиот плоштад концерт ќе одржи групата Фолтин. Во тек е уредување на просторот околу градското пристаниште, а се расчистува и дното на езерото. Тече е и пријавувањето на заинтересираните капачи кои вечерва од 19 часот ќе можат да извршат медицински прегледи на специјалните пунктови што за таа намена ги постави Црвениот крст во тревникот кај рибниот ресторан.
OhridNews













